1 (304) ■ вести > свет > нато > војна ■ 24-Jun 00:45 -> 26-Jun 09:56
.
.
.
.

Трамп: САД следната недела ќе разговараат со Иран за неговата нуклеарна програма

  • Трамп е номиниран за Нобелова награда за мир поради ставање крај на војната меѓу Иран и Израел

  • Македонска делегација предводена од Сиљановска-Давкова на Самитот на НАТО во Хаг

  • НЕТАНЈАХУ ПРОГЛАСИ ИСТОРИСКА ПОБЕДА „Трамп се вклучи на невиден начин во војната“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно ќе побара од Иран да ја прекине својата нуклеарна програма на разговорите следната недела, додавајќи дека благодарение на нападите на САД врз Иран, војната меѓу Израел и Техеран заврши брзо.

Конгресменот Бади Картер, републиканец од Џорџија, напиша писмо до Комитетот за Нобелова награда за мир, велејќи дека Трамп одиграл „извонредна и историска улога“ во завршувањето на „вооружениот конфликт меѓу Израел и Иран и спречувањето на најголемиот државен спонзор на тероризмот во светот да го добие најсмртоносното оружје на планетата“.

Во Хаг денеска продолжува Самитот на НАТО на кој учествува и македонска државна делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

НЕТАНЈАХУ ПРОГЛАСИ ИСТОРИСКА ПОБЕДА „Трамп се вклучи на невиден начин во војната“ Израел никогаш немал пријател како претседателот Трамп во Белата куќа и му се заблагодарувам од дното на моето срце за нашата заедничка работа, рече израелскиот премиер неколку часа откако лутиот Трамп остро го критикуваше Израел за кршење на примирјето со Иран.

2 (75) ■ вести > македонија > хроника ■ 24-Jun 17:24 -> 26-Jun 09:13
.
.
.
.

Туфегџиќ: Зошто институциите не спречиле ниту предвиделе сериозен криминален план за киднапирање на луѓе кој обвинетите го правеле уште од 2022 година? - Република

  • Во Кривичен пресуда за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

  • Доживотен затвор за убиството на Вања и Панче, таткото ослободен од обвинение

  • Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања

По денешната ослободителна пресуда за обвинетиот Александар Ѓорчевски, неговиот бранител, адвокат Владимир Туфегџиќ јавно ја критикуваше истрагата, велејќи дека институциите не одговориле на суштинските прашања поврзани со случајот, киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кои се обвинети Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.

Кривичниот суд пресуди доживотен затвор за Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов за грабнување и за убиството на 14-годишната Вања Ѓоревска и 74-годишниот Панче Жежовски, случај што ја потресе целата јавност.

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, кој беше обвинет дека помагал со информации за нејзино грабнување.

4 (6) ■ вести > македонија ■ 26-Jun 07:28 -> 26-Jun 11:15
.
.
.
.

Славески и Рокас разговараа за инфлацијата и геополитичките ризици: Клучна е улогата на НБРМ за стабилност

  • Славески: Ценовната стабилност останува приоритет на централната банка

Актуелните економски случувања и за последиците од глобалните случувања врз европската и домашната економија, со акцент на најновите случувања на Блискиот Исток, биле тема на разговор на првата официјална средба на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески со шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, амбасадорот Михалис Рокас.

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, одржа прва официјална работна средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, амбасадорот Михалис Рокас, на која се разговараше за актуелните економски случувања и за последиците од глобалните случувања врз европската и домашната економија, со акцент на најновите случувања на Блискиот Исток.

5 (11) ■ вести > македонија ■ 24-Jun 13:52 -> 26-Jun 09:45
.
.
.
.

Влен: One Stop Shop на Табановце - олеснување за дијаспората што Вреди

  • Решено е прашањето за платата на вработените во Инспекторатот за албански јазик

Го поздравуваме усвојувањето на законската рамка од страна на Собранието на Република Македонија со која, во пресрет на сезоната на летни одмори, се става во функција системот “One Stop Shop“ на граничниот премин Табановце.

Скопје, 24 јуни 2025 (МИА) – Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција соопшти дека е решено прашањето за платата на вработените во Инспекторат за албански јазик и дека ќе се воспостават заеднички контроли (One Stop Shop) на граничните премини за меѓународен патен сообраќај Табановце (Република Македонија) и Прешево (Република Србија). Тоа се две убави работи за македонските граѓани кои денеска се случија.

12 (6) ■ вести > македонија ■ 25-Jun 08:15 -> 26-Jun 09:45
.
.
.
.

Точка

  • Без струја делови од Илинден, Кисела Вода и Карпош

од 08:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите од населба Јака, ул. 103, 3, 10, како и од 10:30 до 12:30 ул.1, 2, 5 и 20 ( општина Илинден) · од 09:00 до 13:00 часот, дел од ул. Лазар Димитров, Спиро Гулапчев, ул. Кузмановска и дел од ул. Добромир ХРС ( општина Кисела Вода) · од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од ул. Козле 2 (општина Карпош).

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат: · од 08:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите од населба Јака, ул. 103, 3, 10, како и од 10:30 до 12:30 ул.1, 2, 5 и 20 ( општина Илинден) · од 09:00 до 13:00 часот, дел од ул. Лазар Димитров, Спиро Гулапчев, ул. Кузмановска и дел од ул. Добромир ХРС ( општина Кисела Вода) · од 09:00 до 14:00 часот, корисниците дел од ул. Козле 2 (општина Карпош) Текстот Без струја делови од Илинден, Кисела Вода и Карпош е превземен од МАКФАКС.

Повеќе од
оваа категорија

49 (33) ■ спорт > фудбал ■ 24-Jun 05:34 -> 26-Jun 09:05
.
.
.
.

„Бомба“ од Саудиска Арабија: Ал-Хилал тргнува по потписот на Меси

  • Суарез со ремек дело го испрати Мајами на ПСЖ (ВИДЕО)

  • Мегабомба во најава, таткото на Меси ќе се сретне со претседателот на Ал-Хилал!

  • Интер испушти предност од два гола, во осминафиналето ќе игра против ПСЖ

Аргенгинтската ѕвезда Лионел Меси, би можел кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Интер Мајами и Палмеирас ремизираа 2-2 во последното коло од Групата А. Првата предност на Мајами му ја даде Тадео Аљенде во 16-тата минута.

Најголемиот саудиски фудбалски клуб, Ал-Хилал, не успеа да го донесе Кристијано Роналдо, кој ќе остане во Ал-Наср, па среќата ќе ја проба со обид за ангажирање на Лионел Меси.

Фудбалерите на Интер од Мајами се квалификуваа за осминафиналето на Светското клупско првенство, откако одиграа нерешено против Палмеирас 2:2 на домашен терен, во натпреварот од последното, трето коло од Групата А. Покрај Интер, пласман во осминафиналето обезбеди и Палмеирас.

Повеќе од
оваа категорија

32 (22) ■ бизнис > економија ■ 25-Jun 08:16 -> 26-Jun 07:07
.
.
.
.

Гувернерот Славески со конкретни предлози за намалување на надоместоците за платежни услуги

  • Славески побара банките да ги намалат надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите

  • СЛАВЕСКИ ПРЕДЛАГА ДА СЕ УКИНАТ БАНКАРСКИТЕ ПРОВИЗИИ Гувернерот седна на маса со банките

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на денешната средба со претставниците на банките, штедилниците и останатите членки во Македонската банкарска асоцијација ги претстави предлозите за намалување на провизиите коишто ги плаќаат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги.

На денешната средба со претставници на банките од Македонската банкарска асоцијација (МБА), гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, рече дека надоместоците за платежните услуги треба да бидат одржливи за банките, но истовремено фер и прифатливи за корисниците Народната банка на Република Северна Македонија ќе ги намали надоместоците што банките ги плаќаат за користење на услугите во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС), како што се оние поврзани со долговен промет.

Народната банка на Македонија ќе работи со комерцијалните банки во насока да се намалат или целосно да се укинат трошоците за платежни услуги кои, во нето износ, заземаат околу 18% од вкупните нето приходи на банките.

145 (10) ■ бизнис > економија ■ 24-Jun 13:08 -> 25-Jun 10:30
.
.
.
.

Годишно собрание на Хеленик енерџи: Силни основи за нова стратегија за развој

  • Годишно собрание на HELLENiQ ENERGY: Поставени цврсти темели за нова стратешка патека на раст

Силен развој во сложени услови Во своето обраќање, Сиамисис ја разгледа економската ситуација во Грција и на глобалната сцена, истакнувајќи предизвици како притисоците од инфлацијата, високите трошоци за енергија во индустријата и геополитичката нестабилност која влијае на енергетските пазари и развојните стратегиите на енергетските компании.

Групацијата HELLENiQ ENERGY го одржа своето Годишно собрание на акционери за 2025 година, на кое главниот извршен директор, Андреас Сиамисис, даде преглед на изминатата година, при што го истакна успешно завршениот стратешки план – Vision 2025, како и носечките столбови на новата стратешка насока кои ги поставуваат темелите за создавање на долгорочна вредност.

19 (6) ■ сцена > култура ■ 26-Jun 07:10 -> 26-Jun 09:15
.
.
.
.

„Скопско лето“ - Концерт за деца „Песна за жирафата“ денес во Сули Ан

  • Концерт за деца „Песна за жирафата“ вечерва на „Скопско лето“

Во рамки на 46. фестивал „Скопско лето“, вечер од 20 часот во Сули ан ансамблот „Консонанс“ ќе изведе концерт за деца „Песна за жирафата“ – забавна и едукативна приказна на музика на Франц Јозеф Хајдн.

Вечерва, 26. јуни, во рамки на 46. издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одржи концерт за деца насловен „Песна за жирафата“ во изведба на ансамблот „Консонанс“ со почеток во 20:00 часот во Сули ан. Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари (родител+дете), кои ќе може да се купат пред почетокот на настанот на влезот на Сули ан. „Песна за Жирафата” е музичка приказна за деца која преку прекрасната музика на композиторот Ф. Ј. Хајдн и забавниот и едукативен текст, ни ги претставува и доловува специфичностите на секој од инструментите, на интересен и креативен начин.

129 (6) ■ сцена > култура ■ 24-Jun 09:01 -> 26-Jun 09:15
.
.
.
.

Почнува седмото издание на „Златна рамка“ - Денови на македонскиот филм

  • 7. издание на филмската ревија „Златна рамка“

Од денеска до 28 јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен.

Од 26. до 28. јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на “Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен.

164 (4) ■ сцена > здравје ■ 25-Jun 11:00 -> 25-Jun 23:31
.
.
.
.

Јапонски метод на одење - за подобра кондиција без исцрпеност

  • „Јапонската вежба со одење“ го намалува крвниот притисок

Среде море од нови фитнес трендови, јапонската рутина за одење доби голема популарност во последните месеци, особено на TikTok.Тоа е едноставна, но интензивна форма на одење која ветува опипливи здравствени придобивки – вклучително и намалување на крвниот притисок – ако се прави редовно.

Во големиот избор нови фитнес-трендови, „јапонската одечка вежба“ добива сѐ поголема популарност последниве месеци… Новиот „Тик-ток“ тренд е едноставен, но интензивен облик на одење којшто, ако е редовен, ветува бројни и видливи здравствени придобивки – вклучително и намалување на крвниот притисок, објави „Индекс“ (Index). Што претставува „јапонското одење“?