Во првиот полуфинален меч Шпанецот, денеска славеше против Американецот, Тејлор Фриц со 3-1, по сетови 6-4, 5-7, 6-3 и 7-6. Алкараз за својот трет трофеј во „Ол-ингланд“ клубот ќе се бори против подобриот од второто полуфинале во кое ќе се сретнат првиот рекет во светот Јаник Синер и најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ.