Светскиот број 1, Италијанецот Јаник Синер, повторно го ангажираше својот поранешен тренер за физичка подготовка, Умберто Ферара.
Минатата година, Синер се раздели со Ферара и физиотерапевтот Џакомо Налди откако против него беше покрената истрага за земање на забранетиот лек, клостебол, што резултираше со негова тримесечна суспензија по спогодбата со Светската антидопинг агенција (WADA). Толку блага казна беше изречена бидејќи беше утврдено дека забранетата супстанца влегла во телото на Синер затоа што Налди користел спреј што содржи клостебол за посекотините на раката, кој Ферера му го дал, а потоа го масирал Синер.