Грчкиот ракометен клуб АЕК, домаќин на првиот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп, денеска ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Алкалоид закажана за в недела што ќе се одигра во „Сунел Арена“ во Атина, а паралелно ги повикаа навивачите на АЕК да ја исполнат олимписката сала и „да го направат првиот чекот кон освојување на вториот европски трофеј во ракомет“, јави дописничката на МИА од Атина. Libertas
Натпреварот АЕК-Алкалоид во Атина е закажан за 19 часот по локално, 18 часот по македонско време, а реваншот во Скопје ќе биде една седмица подоцна, на 25 мај во спортската сала „Борис Трајковски“.
Салата „Сунел Арена“ во западниот дел на Атина, изградена за Олимписките игри одржани во 2004 година, а реновирана пред четири години, има капацитет да прими околу 9.000 гледачи, а од 2019 година ја користи КК АЕК за натпреварите во грчката кошаркарска лига, но е приспособена за одржување и на ракометни натпревари. Nezavisen