Шпанецот Карлос Алкараз е првиот финалист на турнирот АТП Мастерс 1000 на земјена подлога во Рим, откако попладнево во полуфиналето го победи домашниот тенисер Лоренцо Мусети.
Моментално најдобриот тенисер на светот Јаник Синер, обезбеди пласман во финалето на АТП турнирот во Рим, откако вечерва го совлада Томи Пол со 2-1 во сетови 1-6, 6-0 и 6-3. Италијанецот имаше лош влез во мечот, а тоа го искористи тенисерот од САД за да дојде до предност.