Високиот член на Алијанса за Албанците и поранешен министер за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, преку објава денеска обелодени дека ќе остане дел од коалицијата ВАЛЕН, и покрај напуштањето на Владата на лидерот на едното крило на АА, Арбен Таравари.
Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, денес беше во посета кај косовскиот премиер Албин Курти, заедно со други функционери на Алијанса за Албанците, кои го поддржаа Арбен Таравари во судирот со Зијадин Села, но сега се против одлуката на Таравари да го напушти ВЛЕН и да замине во опозиција.„Во зората на овој ден, заедно со некои идеални пријатели од Алијансата за Албанците, тргнавме по патот кон Приштина, поминувајќи го автопатот „Арбен Џафери“, пат кој за нас не е само инфраструктура, туку симбол на нашата духовна и национална врска.