Кралот Филип VI од Шпанија денес му ја додели титулата маркиз на тенисерот Рафаел Надал, како признание за неговиот придонес во Шпанија преку спортот, се вели во соопштението на Палатата.Надал, кој се пензионираше минатата година, е еден од шесте лауреати на кои им беа доделени титули по повод десетгодишнината од владеењето на кралот Филип VI, објави Ројтерс.Меѓу победниците се поп-рок пејачката Лус Касал и параолимписката пливачка Тереза Пералес.„Тие се извор на гордост за Шпанија и постојана референтна точка за вредностите што треба да го инспирираат нашето општество“, се вели во соопштението.Надал, кој освои гренд слем титули 22 пати и триумфираше рекордни 14 пати на турнирот Ролан Гарос, сега ја носи титулата Маркиз од Левант де Мајорка, од неговиот роден регион Мајорка, каде што живее и денес.
Шпанскиот крал Фелипе VI му ја додели титулата маркиз на легендарниот тенисер Рафаел Надал како признание за неговиот придонес кон нацијата поради неговите неверојатни спортски резултати.