Шпанецот Карлос Алкараз го освои трофејот на АТП турнирот во Квинс, откако во финалето го надигра Чехот Јиржи Лехечка со 2-1, по сетови 7-5, 6-7/5 и 6-2. Беше видена голема борба во првите два сета, но Алкараз одигра најдобро кога беше најпотребно и не дозволи изненадување, завршувајќи ја работата за два часа и десет минути. Gol