Карлос Алкараз дојде до 21-вата АТП титула во кариерата, откако денеска во финалето на турнирот во Квинс кој се игра на тревната подлга, го совлата Јиржи Лехецка со 7-5, 6-7, 6-2. Овој турнир од АТП 500 серијата е генерална проба пред гренслемот Вимблдон, а 22-годишниот Алкараз и преклани го освои Квинс, а лани го освои Вимблдон.
Шпанецот Карлос Алкараз го освои трофејот на АТП турнирот во Квинс, откако во финалето го надигра Чехот Јиржи Лехечка со 2-1, по сетови 7-5, 6-7/5 и 6-2. Беше видена голема борба во првите два сета, но Алкараз одигра најдобро кога беше најпотребно и не дозволи изненадување, завршувајќи ја работата за два часа и десет минути.