Новак Ѓоковиќ испиша уште една историска страница на Вимблдон.
Новак Ѓоковиќ продолжува со нападот на 25. титула на гренслем-турнирите, откако вечерва се пласира во полуфиналето на Вимблдон со победата над Италијанецот Флавио Коболи во четири сета (6-7, 6-2, 7-5, 6-4). За српскиот тенисер ова ќе биде 14-ти пласман меѓу четирите најдобри на неофицијалното светско првенство, во кое ќе ги одмери силите против најдобриот во моментов – Јаник Синер.
Ова е терминот на Новак Ѓоковиќ и Јаник СинерВимблдон ја објави програмата.
Полуфиналистот на Вимблдон и седумкратен освојувач на овој Грен слем турнир, Новак Ѓоковиќ денеска не тренираше во пресрет на утрешното полуфинале против Јаник Синер.