Градот Скопје се наоѓа во една очајна состојба, политиката мора да се тргне од градот кога се во прашање интересите и потребите на граѓаните, потенцираше потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, во вечерашното интервју во „Тема на денот“, на телевизија Сител.
Во пресрет на локалните избори, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ стигна реакција во врска со кандидатурата на поранешната министерка Каја Шукова за градоначалник на Град Скопје, предложена од опозициската СДСМ.