Во организација на КРИК фестивал за критичка култура на 25 јуни со почеток во 20.00 часот во Музејот на современа уметност во Скопје ќе биде отворена изложба, курирано водење и разговор „Парадоксот на Грејсленд: навигирајќи ја неизвесноста / Graceland Paradox: Navigating Uncertainty“ на уметниците: Фани Будуроглу, Рања Еманоилиду, Лиа Псома (Грција,) Билал Јилмаз (Турција) со кураторка Лидија Хатсијакову (Грција) „Летната програма на КРИК 2025, под наслов „Преобразба“, ја заокружуваме со изложбата „Парадоксот на Грејсленд: навигирање на неизвесноста“, курирана од грчката кураторка Лидија Хацијакову (Солун), чија работа гравитира околу улогата на уметноста како алатка за општествени промени, релацијата помеѓу уметноста и технологијата, уметноста и екологијата, уметноста и современата улога на занаетите“ велат организаторите.