Триесетина дела од академскиот сликар Дејан Иванов-Маргуш, учесник на годинашната Меѓународна ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски“, се поставени во уметничката галерија на ЛУ „Градски музеј“, Крива Паланка.
Изложбата беше отворена синоќа, како дел од “Кривопаланечко културно лето”, во рамки на воспоставената соработка помеѓу музејот и колонијата, којашто, според директорот на ЛУ Градски музеј отпочнала минатата година и се испоставило дека е неминовна.
Некои од делата се исполнети со колоритни и тонски сплетови, сугерирајќи блесок, пукање на зората.
Зраците светлина се во костец со темнината, колоритот со безбојноста, испреплетени се горчивото и слаткото, светлото и темното, сѐ до моментот на поврзување на микро космосот со макро космосот во секое негово дело, рече Ѓорги Костовски, историчар на уметност во Градскиот музеј, куратор на изложбата. Republika
Триесетина дела од академскиот сликар Дејан Иванов-Маргуш, учесник на годинашната Меѓународна ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски“, се поставени во уметничката галерија на ЛУ „Градски музеј“, Крива Паланка. Republika
Досега имал дваесетина самостојни изложби во повеќе градови низ Македонија, а се претставил и во Бугарија и во Германија.
Учесник е на сите изложби на ДЛУМ од 2005 година до денес, а бил дел и од повеќе групни претставувања на творештвото на македонски автори. Republika
Маргуш е еден од најчестите учесници на Меѓународната ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски“.
Роден е во Скопје,1979 година, дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во 2005 година, во класата на проф. Republika
Рубенс Корубин.
Работи витражи и мозаици. Republika
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Реакција на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на функционерот на СДСММ, Миле Талески: „Кога СДСМ ќе излезе пред камера и ќе збори за изградба и пуштање во употреба на патишта, прва асоцијација што на народот му текнува е зурли, тапани, чочек.
Интегрален текст од изјава за медиуми на Миле Талески, пратеник на СДСМ: Со особено задоволство го одбележуваме завршувањето на патот низ Фаришката клисура, делницата на експресниот пат од Дреново до Градско.
"Кога СДС ќе излезе пред камера и ќе збори за изградба и пуштање во употреба на патишта, прва асоцијација што на народот му текнува е зурли, тапани, чочек“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Фонтана „Филип 2„, Камен Мост, парк „Жена борец“, Сквер Јадран, улица Максим Горки, се само некои од локациите на кои деновиве ќе бидат изложени уметнички дела на повеќе уметници, во рамки на изложбата „Скопски урбани приказни“.
Концерт на импровизирана музика на триото „Додовски, Георгиевски и Спировски“ ќе се одржи вечерва со почеток од 20 часот во социјалниот центар „Дуња“ во Скопје.
Дирекцијата за култура и уметност на Скопје в понеделник повикува на џез концерт на Ѓорги Шаревски трио во Сули ан со почеток во 20.30 часот.
Во рамки на програмата на Скопско лето на 30 јуни (понеделник) во 20:30 часот во Сули ан (Стара Чаршија) ќе се одржи концерт на Георги Шарески Трио.
фото: М.Т. Во Македонска филхармонија – Мала сала, вчеравечер се одржа настан што го славеше длабокото пријателство меѓу Македонија и Јапонија.
Во Македонската филхармонија утре вечер ќе се одржи концертот „Јапонско срце бие во македонски ритам“, музички настан што ќе го отсликува длабокото пријателство меѓу нашата држава и Јапонија.