Racin
На програмата на Охридско лето вечерниот термин денеска е за Лукаш Вондрачек, пијанист од Чешка, која ќе настапи со дела на Јоханес Брамс (Седум фантазии оп. 116), Александар Скрјабин (Фантазија во h-moll оп. 28), Антонин Дворжак (Хумореска оп. 101 бр. 7) и Роберт Шуман (Хумореска оп. 20). Неприкосновениот победник и носител на наградата Гран при на Меѓународниот натпревар „Кралица Елизабета“ во 2016 година – Лукаш Вондрачек, повеќе од две децении патува низ светот настапувајќи со најпознатите светски оркестри.
Меѓу нив, секако, оркестрите во Филаделфија, Бостон, Кливленд, Чикаго, Балтимор, Лос Анџелес, симфониските оркестри во Сиднеј, Токио, Оркестарот на Франкфуртското радио, Чешката филхармонија, Варшавската филхармонија, Оркестарот „Филхармонија“ и Лондонскиот симфониски оркестар и Оркестарот во Осло. Racin