Македонскиот режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима својот осми филм, „Збогум, Копакабано“ (работен наслов „Биста“). Од тимот на Манчевски велат дека реализацијата на овој проект била незаконски забранета речиси три години.
Како и во сите филмови на Манчевски и тука, покрај емотивниот уметнички аспект (темата на сестринска љубов), се истражуваат и општествено релевантни теми – самотија, сиромаштија, корупција, ментални болести, општество засновано на привилегии на богатите.