Браќа, сестри, Македонци, како пиреј сечи, корни, нема да ја истреби...“ стиховите од песната што во далечната 1994 година на фестивалот Валандово ја отпеа легендарниот Гоце Николовски, сега е спакувана во ново руво и е во изведба на Ламбе Алабаковски.А токму со новата верзија на легендарната македонска песна „Како пиреј“, во изведба на Ламбе Алабаковски и во аранжман на маестро Николче Мицевски, денеска и официјално започнува второто продолжение на омилениот проект „Македонијо во срце те носиме“.Песната, која првично ја отпеа Гоце Николовски, добива современо руво, но го задржува својот дух и порака за единство и опстојност.