Раскошната свадба на милијардерот Џеф Безос и ТВ-водителката Лорен Санчез во Венеција започна бурно- буквално!
Иако тридневната прослава беше планирана да биде гламурозна и беспрекорна, првата предсвадбена забава заврши во хаос откако ненадејна и силна бура ги изненади славните гости, Ексклузивниот прием пред одржан во познатиот манастир на црквата Мадона дел’Орто во четврток вечерта беше прекинат порано од планираното, бидејќи темни облаци се натрупаа над Венеција, започна силен пороен дожд, а небото блесна со молњи и грмотевици, додека ветерот носеше чаршафи и ги однесе декорациите.