Ози почина вчера - 17 дена по неговиот последен настап.
Прошталниот концерт на британската хеви-метал ѕвезда, Џон Мајкл „Ози“ Озборн, под наслов „Назад кон почетокот“ (Back to the Beginning), во Бирмингем, Англија, пред нешто повеќе од две недели собра завидна постава од музичари, вклучувајќи ги „Металика“, „Ганс ен роузис“, „Пантера“, „Слејер“, „Тул“, „Ламб оф Год“, Били Корган, Стивен Тајлер, Том Морело, Семи Хагар, „Антракс“, „Алис ин чејнс“, Зек Вајлд и др. рок-ѕвезди и пријатели на починатиот англиски пејач.