Во рамки на тридневната фестивалска програма, која почнува денес, почесни награди ќе им бидат доделени на тројца истакнати филмски професионалци од македонската филмска индустрија: Јордан Симонов, истакнат филмски актер: Роден на 10 септември 1966 во Скопје.
Од 26. до 28. јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен.