Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
3
6.33
8.02
0.20/0.23
3.00
1.14
0.38
135.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 3
32 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 0.1
Best clustering variants
32 0.99/0.01 2 0.1
Kanal5

Проблемот со текстовите при проучувањето на животот на Павле Сѐ што го знаеме за Павле потекнува од два извора: сопствените писма на Павле и Делата на апостолите, кои во неколку наврати се потпираат на записите на очевидец.

Сепак, има пропусти во двата извора: Посланијата на Павле се напишани во краток период од неговиот живот, меѓу 50 и 58 година од н.е.; а авторот на Делата на апостолите наведува голем број тврдења што предизвикуваат сомнежи - на пример, тврдењето дека Павле бил присутен при смртта на свети Стефан (Дела 7:58). Традиционално, Делата на апостолите се смета за историски точен документ бидејќи книгата е напишана од Лука (истиот тој што го напишал Евангелието според Лука). Меѓутоа, научниот консензус е дека Евангелието според Лука и Делата на апостолите се напишани околу 85 година од н.е., едно поколение по смртта на Павле. Kanal5

09:12 h 15-Jul-2025
  • Социјални погледи Писмата на апостол Павле за општествени прашања беа исто толку влијателни врз животот и верувањата на христијанската култура, како и неговите догматски изјави.
  • ◉ Се што не сте знаеле за апостол Павле
12:55 h 13-Jul-2025
  • Дел 1, преведен од Магдалена Рид: Свети Павле Заслугите за раниот развој и ширење на христијанството нашироко му се припишуваат на Павле (родено име Савле) од Тарс, познат и како свети Павле или апостол Павле (4–64 н.е.). Преку неговото мисионерство и теолошка работа, тој ја пропагирал новата вера отаде границите на јудаизмот за да се вкорени меѓу незнабошците (неевреите) и да стане универзална религија.
  • Павловден: Се што не сте знаеле за апостол Павле во три продолженија (1)
10:22 h
  • Почетоците на христијанството во Македонија се поврзани со свети апостол Павле.
  • Апостол Павле и Македонија
Kanal5

Писмата што се зачувани се дел од новозаветниот канон, каде што се појавуваат подредени по должина, од најдолгото до најкраткото: Послание до Римјаните (Рим.) Прво послание до Коринтјаните (1. Кор.) Второ послание до Коринтјаните (2. Кор.) Послание до Галатјаните (Гал.) Послание до Филипјаните (Фил.) Прво послание до Солуњаните (1. Сол.) Послание до Филимон (Филим.) Други три писма што во минатото му биле припишувани на Павле сега се смета дека всушност биле напишани од неговите следбеници некаде во првиот век.

Сепак, ги нарекуваат посланија на Павле бидејќи барем според теологијата и етиката во голема мера ги отсликуваат ставовите на Павле: Послание до Ефесјаните (Еф.) Послание до Колосјаните (Кол.) Второ послание до Солуњаните (2 Сол.) Трета група писма што традиционално му се припишуваат на Павле, Пасторалните посланија, обработуваат црковни прашања од почетокот на вториот век. Kanal5

Kanal5

Често бев на патувања, во опасности од реки, опасности од разбојници, опасности од мојот народ, опасности од незнабошци, опасности во градот, опасности во пустина, опасности на море, опасности од лажни браќа; во труд и мака, често во непроспиени ноќи, во глад и жед, често без храна, во студ и без облека.“ (2 Коринтјаните 11:24–27) Ерусалимскиот собор Околу 49 година од нашата ера, по 14 години проповедање, Павле отпатувал во Ерусалим заедно со Варнава и Тит, за да се сретне со водачите на ерусалимската црква — Јаков, Петар и Јован; настан познат како Ерусалимскиот собор.

Главното прашање на Соборот било дали новаторските учења на Павле, насочени кон незнабожци што станале христијани — според кои спасението не зависи од придржување до Законот на Мојсеј — може да се усогласат со традициите на мајката-црква во Ерусалим, составена претежно од христијани од еврејско потекло. Kanal5