Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан стана мета на исмејување откако прошета на ревијата на Баленсијага на Неделата на модата во Париз.
Многу корисници на социјалните мрежи велат дека таа не вложила никаков труд во оваа „задача“ и дека изгледала чудно.„Вака изгледам откако испив две маргарити и се обидов да изгледам нормално, но всушност сум пијана“, „Јас кога одам во тоалет среде ноќ“, „Само затоа што е богата не значи дека мора да прави сè“, се некои од реакциите.