Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека нема да потпише помилувања или каква било аболиција за кривичното гонење на оние кои учествуваа во насилства.
Десетици хулигани се приведени доцна синоќа во инцидентите што се случија во центарот на Белград, додека шест полицајци и двајца граѓани се повредени, соопшти по полноќ директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ откако беше нападната полицијата по завршување на протестот „Се гледаме на Видовден“ организиран од Студентите во блокада.
Александар Вучиќ / Фото: ЕПА Српскиот претседател Александар Вучиќ очекува инциденти на протестот „Се гледаме на Видовден“ во Белград и тврди дека „насилството ќе започне помеѓу 20.45 и 21.45 часот“.
Неколку минути пред 22 часот, студентите го објавија крајот на нивниот дотогаш мирен протест, на кој, според Архивата на јавни собири, учествуваа околу 140.000 луѓе.