Десетици демонстранти и неколку полицајци беа повредени вчера откако полицијата интервенираше по официјалното завршување на масовниот студентски протест во центарот на Белград, на кој беше повторено барањето за предвремени избори.
Студентите во блокадата го најавија протестот „Се гледаме на Видовден“, што ќе почне во 18:00 часот на плоштадот Славија во Белград и кој, во официјалниот дел, треба да трае до 21:00 часот.
Додека во Белград се оддржуваат протести, претседателот на Србија, Александар Вучиќ игра шах.
Граѓаните и студентите незадоволни од режимот на Вучиќ во Србија, почнаа да се собираат кај Правниот и техничкиот факултет на Универзитетот во Белград, непосредно пред 17 часот, од каде што ќе се упатат во групи кон Славија, каде што ќе се одржи протестната програма „Се гледаме на Видовден“, закажан за 18 часот, пишува Н1. Во пресрет на протестот, тие доставија два ултиматума до владата на Србија – распишување вонредни парламентарни избори и прекин на собирот на чаците во Пионирски парк.