Десетици хулигани се приведени доцна синоќа во инцидентите што се случија во центарот на Белград, додека шест полицајци и двајца граѓани се повредени, соопшти по полноќ директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ откако беше нападната полицијата по завршување на протестот „Се гледаме на Видовден“ организиран од Студентите во блокада. Kurir
Десетици хулигани се приведени доцна синоќа во инцидентите што се случија во центарот на Белград, додека шест полицајци и двајца граѓани се повредени, соопшти директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ откако беше нападната полицијата по завршување на протестот „Се гледаме на Видовден“ организиран од „Студентите во блокада“.
На прес-конференција, Васиљевиќ соопшти дека повредените се уште се во Ургентниот центар и дека полицијата реагирала откако учесниците на митингот го нападнале полицискиот кордон што ги штител луѓето во и во близина на Пионирски парк каде што се поддржувачи на властите во Србија. Republika
Таму се одржа „литературна вечер“ каде беа присутни и претставници од Владата и политички партии од владејачкото мнозинство.
На крајот од протестот на плоштадот Славија, студентите во блокада ја прогласија владата во Србија за нелегитимна и објавија дека во 21 часот истекол ултиматумот што го поставија до Владата на Србија – распишување вонредни парламентарни избори и прекин на собирот на поддржувачите на владата во Пионирски парк и пред Народното собрание. Libertas
Наместо тоа, тие се одлучија за насилство и репресија врз граѓаните.
Секоја радикализација на ситуацијата е нивна одговорност“, објавија на Х, студентите во блокада. Faktor
Еве ме тука во Пионирски парк, или како што сакаме да го наречеме, Ќациленд, со гордост, со овие прекрасни млади луѓе кои само сакаат да учат и кои сега сфаќаат дека конечно победиле“, рече Вучиќ.
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, доцна синоќа објави дека студентите на протестот во Белград на плоштадот Славија повикале на граѓанска војна. Republika