Смртен случај од Конго-кримска хеморагична треска бил регистриран во грчката општина Еласона, во областа Лариса, а станува збор за пациент постар од 70 години, кој бил хоспитализиран во болница со сериозно влошена клиничка слика и починал, соопштија од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Brif
Во Европа и соседните земји, случаи се регистрирани на Балканот (Бугарија, Албанија, Косово, Северна Македонија) и во Шпанија, Португалија, Грузија, Русија, Украина и Турција.
Во Грција, уште еден домашен случај на болеста е регистриран во минатото, во 2008 година (во Тракија), информираа од ЕОДИ. 24info