Министерството за надворешни работи на Бугарија реагираше на, како што ги оцени, „навредливите, неприфатливи и непријателски“ изјави од страна на македонските политичари, откако бугарскиот амбасадор, Жељаско Радуков, беше повикан во Министерството за надворешни работи.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата и институциите на Република Северна Македонија од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, дадени во текот на денешното гостување во утринската програма на телевизијата БТВ.
„Бугарија е силна земја, Бугарија е фактор и во Европската Унија и во регионот, a тоа Северна Македонија мора да го има предвид – ние сме земја-членка на ЕУ, а Северна Македонија засега е само кандидат“, изјави бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев во врска со извештајот на Европскиот парламент, од кој беа избришани „македонскиот јазик и идентитет“.Во разговор за bTV, шефот на бугарската дипломатија потсети дека спорот за историјата им бил оставен на историчарите кога бил потпишан Договорот за пријателство и добрососедство.„Темите поврзани со јазикот и идентитетот треба да ѝ припаѓаат на научната заедница.
НасловнаМакедонијаМакедонското МНР го повика бугарскиот амбасадор на разговор поради изјавите на Георг Георгиев You cannot print contents of this website.