Денес, Црна Гора го прославува Денот на државноста, во спомен на 13 јули 1878 година, кога на Берлинскиот конгрес беше призната како независна земја, како и на истиот датум во 1941 година, кога народот на Црна Гора започна бунт против фашизмот.
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, изјави дека 13 јули е симбол на државноста и порака дека пред силата на неправдата и мрачните идеологии никогаш не треба да се попушта. Biznisvesti
За Црна Гора овој датум не е празник, туку ден кога во темелите на нашето општество ги вградивме највозвишените вредности на слободата, честа и достоинството.
Тринаесетти јули е симбол на државноста и порака дека пред силата на неправдата и мрачните идеологии никогаш не попуштаме, истакна Милатовиќ. Sitel