Верувам дека оваа генерација, ако го направи работите како што треба, ќе го доживееме обединувањето на Европа, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во обраќањето на панелот „Соработка меѓу НАТО и ЕУ: Основа за демократската отпорност во ерата на хибридна војна и странско мешање“ во рамки на 107-миот Семинар „Роуз-Рот“ што се одржува денеска во Европскиот парламент. Telma
Кос нагласи дека интегрирањето на земјите од Централна и Источна Европа во структурите на ЕУ и НАТО им обезбедило економски можности и услови да напредуваат и да се трансформираат во успешни приказни.
НАТО останува важен овозможувач на проширување преку заштита на оние кои веќе се негови членки, како што се Албанија, Црна Гора и секако Северна Македонија, истакна Кос, додавајќи дека Алијансата е партнер на ЕУ и во поддршката за Украина, преку силите на КФОР во Косово, како и во поддршка на нејзината мисија во Босна и Херцеговина. Nezavisen