Највисоки цени на становите во Србија во четвртиот квартал лани се регистрирани во Белград, каде што најскапиот продаден стан имал цена од 11.668 евра за м/квадратен на локацијата Белград на вода. Brif
Најскапата куќа е продадена во белградската општина Савски венац за 3,4 милиони евра, а најскапиот гаражен простор е платен за 64.000 евра на територијата на таа општина на локацијата Белград на вода.
Вкупниот промет на пазарот на недвижности во Србија во четвртиот квартал од 2024 година изнесувал 2,2 милијарди евра, што е изедначување на рекордот од 2022 година. Denesen