„Најважно е што Србија победи, а не можете да ја добиете Србија со насилство, Србија никогаш нема да престане“, рече претседателот Александар Вучиќ во своето обраќање пред граѓаните.
Студентите во блокадата го најавија протестот „Се гледаме на Видовден“, што ќе почне во 18:00 часот на плоштадот Славија во Белград и кој, во официјалниот дел, треба да трае до 21:00 часот.
Додека во Белград се оддржуваат протести, претседателот на Србија, Александар Вучиќ игра шах.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска, во врска со најавите на блокадите, изјави дека на Видовден ќе повлече линија дека нема да има добар резултат за нив и рече дека државата ќе биде одбранета, со оглед на тоа што се очекува насилство од учесниците на протестот околу 21 часот, објави Телеграф.