Иако љубовта меѓу партнерите повеќе не е на прво место, останува почитта меѓу нас, сеќавањето на сите убави работи што сме ги создале и најголемата сила да бидеме најдобри родители на нашите деца, како единствен испит во животот што треба да го положиме со оценка 10.00. Ви благодарам за разбирањето во овој тежок период од мојот живот, на сите полиња, ќе се обидам да бидам што е можно подобра и посилна.