Народот не заборава кој гради, а кој саботираше, а оние кои го саботираа немаат ниту морално, ниту политичко право денес да го присвојуваат – се вели во реакцијата на Демократската унија за интеграции по вчерашниот настан на свечено започнување на градежните работи на делницата Тетово – Гостивар, дел од Коридорот 8. Одговорот на ДУИ следува откако вчера, првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, на официјалното започнување на градежните работи на автопатот Тетово – Гостивар, кој е дел од Коридорот 8, рече дека наместо фотообјективи, околу нас се слуша звукот на багери, камиони и булдожери, а само пред неколку години единствените градежни активности тука беа гламурозни прес-конференции и ленти кои никогаш не беа пресечени со асфалт, најверојатно мислејќи на фактот што минатата влада која беше потписник на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите од коридорите 8 и 10-д, во два наврати организираше прес-конференции на две точки каде што треба да поминуваат делниците.
Денес, со гордост и висока одговорност кон граѓаните, го најавуваме официјалниот почеток на работите за изградба на новиот автопат Тетово-Гостивар, капитален и стратешки проект за регионот и целата земја.
Денес, како никогаш порано, државата е едно големо градилиште.
Со присуство на високи политички претставници, денес беше поставен камен-темелникот за изградба на автопатот Тетово – Гостивар, кој е дел од Коридорот 8. Според најавите оваа автопатската делница долга 17,5 километри ќе чини околу 90 милиони евра, а се предвидува да биде готова за две ипол години.