Претседателката Гордана Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско прашање за отстранувањето на македонскиот јазик и идентитет преку амандман излобиран од бугарски пратеници, вели дека тоа го докажува демократскиот дефицит во ЕУ, вклучувајќи го и Европскиот парламент, којшто, вели, треба да биде дом на европските граѓани.
Не сум шокирана, иако сум длабоко разочарана тоа го кажав, особено од природата на некои амандмани, па и од дискусиите, не сум шокирана бидејќи во Европскиот парламент седат и претставници на партии што се против самата ЕУ. Инаку, пријатно бев изненадена од извештајот на господинот Вајц, тој важи за почитуван пратеник кој ги познава добро балканските прилики, бидејќи истото ова што ни се случува нам, можеше и Австрија да го прави кон Словенија бидејќи и во словенечкиот Устав ги нема Австријците, Хрватите, Бошњаците, Ромите...