Синоќа околу 23:00 часот го потресе регионалниот пат Штип – Велес се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три возила – „тојота“, „лада“ и „бмв“, сите со велешки регистарски таблички.
Во СВР Велес синоќа околу 23 часот било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Велес се случила сообраќајна несреќа во која учествувале возило „тојота“ управувано од 66-годишниот Б.И. од Велес, возило „лада“ управувано од 31-годишниот Л.Б. од велешкото Башино Село и возило „БМВ“ управувано од 31-годишниот Д.М. од Велес, кое влечело возило „пинцгауер“, сопственост на Дирекција за заштита и спасување, информира денеска портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.