Дополнително ЦУК достави барање и до Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), но до овој момент сè уште нема одговор.
Паралелно, испратено е и барање до Генералштабот на Армијата за можност за ангажирање воздушна поддршка и се очекува одговор и од нивна страна – се наведува во соопштението од ЦУК. Novamakedonija
Пожарот во валандовско Грчиште, кој избувна вчера попладне, утринава повторно се активирал поттикнат од силниот и топол ветер и во моментот е зафатена голема површина при што пожарот е распространет во два огнени крака од кои едниот се движи кон селата Казан Дол и Фурка, а вториот кон општина Богданци, соопштија попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во гаснењето се ангажирани повеќе од 50 лица, а градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов побарал воздушна поддршка за гаснење на пожарот, но како што информираат од ЦУК биле известени од МВР дека заради технички причини не можат да обезбедат хеликоптерска поддршка. Kurir
Пожарот во Валандовскиот регион, и покрај целодневните напори за гаснење, утринава околу 05 часот повторно се реактивирал, поттикнат од силниот и топол ветер, информираат од ЦУК.
Во гаснењето се ангажирани повеќе од 50 лица на терен. Emagazin