Како што ветивме, ВЛЕН секојдневно ќе ја открива болната вистина за еден процес кој требаше да биде огледало на реалноста, а се претвори во измама и срамно предавство од страна на ДУИ кон Албанците.
Дури и по одлуката на Уставниот суд со која поделбата „резиденти/нерезиденти“ беше прогласена за неуставна, ДУИ не дава никакви одговори: Кој ја донесе одлуката да биде избришана албанската дијаспора од пописот на населението во 2021 година?
„Уште во 2022 година, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, јавно одби да ги прифати резултатите од пописот на населението, алудирајќи особено на фактот дека Албанците сочинуваат 29.5% од вкупната популација“, соопштија од ДУИ.
Ја информираме јавноста дека не сме разговарале за попис пред редовниот рок и дека нема да има друг попис следната година, велат од ВЛЕН.