Очигледно е дека СДСМ во крајна безидејност и очајност во понудата на програмски решенија и проекти, во периодот пред почетокот на кампањата за локалните избори ќе настапува со празни флоскули, лаги и манипулации, реагираше денеска партијата ЗНАМ на ставот на опозицијата дека е скандал од невидени размер повлекувањето на обвинението за кумановскиот градоначалник Максим Димитровски.„За конкретниот случај сакаме да ја информираме јавноста дека сите судии и јавни обвинители кои службено биле инволвирани во предметот се избрани или именувани во времето на 7-годишниот владин мандат на ДУИ и нивниот зависен партнер, привезокот СДСМ.
Полицијата уапси кумановец кој бил затекнат како пали сува трева на улицата „Доне Божинов“, соопшти денеска МВР.-Вчера во 21.20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ш.А. (56) од Куманово, затоа што на улицата „Доне Божинов“ во Куманово бил затекнат како пали сува трева.
По повеќемесечна предистражна постапка на Основното јавно обвинителство Скопје во соработка со Министерството за внатрешни работи, во која беа применети и посебни истражни мерки, денеска полициски екипи под раководство на јавен обвинител спроведуваат акција и претреси на повеќе локации во Скопје и во Куманово, во рамките на која запленето е поголемо количество амфетамин и уапсени се неколку лица.
Соња Тодоровска, Секретар на ОО СДСМ Куманово денеска на прес конференција истакна дека СДСМ најостро реагира на скандалозниот чин на Кумановското јавно обвинителство, кое само пет дена пред завршните зборови во судска постапка, без никакво објаснување повлекло обвинение против градоначалникот Максим Димитриевски.„Ова е скандал без преседан, класичен пример за партизирано судство и селективност.