Во врска со нападот врз градоначалничката на град Скопјe, Данела Арсовска, за време на увид во дивоградба во населбата Чаир во Скопјe, спроти Полициската станица Бит Пазар, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека имало физички контакт, но нејзиното тврдење дека била пред полицијата е лага и повторен обид за манипулација со јавноста.
Општина Чаир најостро го осудува инцидентот што се случи помеѓу градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и неколку лица на територија на Општина Чаир.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во гостувањето на ТВ Сител изрази жалење и осуда за инцидентот во којшто беше вклучена градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, појасни какви дејствија презело Министерството и ја повика Арсовска да не бега од МВР и од институциите.
Државата има институции, ги повикувам да постапуваат за случајот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со вчерашните обвинувања на скопската градоначалничка Данела Арсовска.