Вчера во 19:00 часот во село Пирок, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода И.С.(41) од с. Пирок и неговиот 15-годишен син затоа што физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија Поточно, како што известува СВР Тетово, полиискиот службеник претходно го затекнал малолетникот како управува патничко возило „сеат ибица“ со тетовски регистарски таблички и го исклучил од сообраќај.