▷ На 15.06.2025 во Тетово, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода три лица од Тетово и тетовско затоа што управувале возило со брзина поголема од максимално дозволената. во 17.40 часот на патот Тетово-Гостивар, од слобода бил лишен Ш.Ф.(45) од Тетово При сообраќајната контрола и преземените мерки и активности, полициски службеници констатирале дека управувал патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 180 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час. Sitel
Во 17.50 часот на патот Тетово-Гостивар, од слобода бил лишен И.С.(36) од село Порој, тетовско, затоа што сообраќајната контрола и преземените мерки било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 153 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.
Додека, во 10.19 часот полициски службеници го лишиле од слобода Ф.И.(34) од с.Боговиње, тетовско. Skopjeinfo