Денеска (28.06.2025) во 00.50 часот во СВР Битола е пријавено дека во кругот на јавно претпријатие во Битола настанал пожар, при што опожарен бил трактор, а од пожарот било зафатено и комбе „цитроен“ со битолски регистарски ознаки, двете сопственост на јавното претпријатие.
На 25.06.2025 во 18:43 часот во СВР Битола 70-годишна жена пријавила дека на 24.06.2025 околу 23:40 часот во семејниот дом во Битола била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Н.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.