Во соопштението, Обвинителството се вели дека надлежниот јавен обвинител од ОЈО Куманово до Основниот суд во Куманово доставил известување со кое го повлекол Обвинителниот предлог кој се темелел на предложените докази, пред се изготвеното материјално-финансиско вештачење во рамките на преземените истражни дејствија, врз основа на кое прозлегувало дека со дејствијата на извршување на кривичното дело, кои се состојат во непостапување по чл.59 ст.11 од Законот за градење, на двете оштетени правни лица им била нанесена заначителна имотна штета во висина од 3.307.869 денари.„Меѓутоа, по изведување на сите докази во текот на постапката и пред се исказите на вештите лица произлегува дека тие се едногласни дека сега, во услови на веќе издадено Одобрение за градење, штетата наведена во обвинението нанесена на правните лица, поради непостапување по чл.59 ст.11 не постои, па оттука неспорно е дека повеќе не се исполнети законските обележја на кривичното дело кое со поднесеното обвинение се ставаше на товар. Puls24