Полицаец од полициската станица во Тетово, на физичко лице вработено во казино, му издавал информации за тоа, во кои казина и угостителски објекти е планирано да има контроли.
„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против З.С., полициски службеник во ПС Тетово поради основано сомнение дека сторил кривично дело „оддавање на службена тајна“, предвидено и казниво по член 360 став 1 од Кривичниот законик“, информираат во Министерството за внатрешни рабобти. Meta