Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска учествуваше на панелот насловен „Финансирање на енергетските амбиции“, кој се одржа во рамки на Форумот за мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан (MEF-WB Energy Forum 2025) – регионален настан што веќе осма година по ред претставува платформа за продлабочена соработка меѓу земјите од регионот и заеднички пристапи кон забрзана зелена транзиција и целосна декарбонизација до 2050 година. Republika
Во тој контекст, Муртезани го нагласи значењето на регионалната интеграција, заедничките инфраструктурни проекти и флексибилните модели на финансирање како предуслов за одржлива транзиција.
На прашањето за приоритетните сектори и инвестиции, Министерот истакна четири главни области: производство на обновлива енергија, модернизација на електропреносната мрежа, енергетска ефикасност и електрификација на транспортот. Press24
Муртезани на крајот порача дека Северна Македонија останува активен и посветен партнер во регионалниот процес на енергетска трансформација и дека преку визионерски пристап, усогласена регулаторна рамка и силни меѓународни партнерства, државата не само што одговара на глобалните предизвици, туку и активно придонесува кон нивното обликување.
Форумот за мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан има зе цел преку заедничкиот ангажман да се премине од идеи кон реални инвестиции, кои ќе донесат почиста, побезбедна и поконкурентна енергетска иднина за целиот регион. Tocka