НасловнаМакедонијаСудењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денес, одбраната ги дава своите завршни зборови You cannot print contents of this website.
Адвокатот Горан Бошевски, бранител на обвинетиот Велибор Манев, во својот завршен збор за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во однос на кривичното дело убиство, а осудителна за делото грабнување.
Ослободителни пресуди за убиствата на Вања и Панче бара одбраната на обвинетите.
Горан Бошевски, адвокат на обвинетиот Велибор Манев, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на кои завршни зборови дава одбраната, истакна дека неговиот штитеник од првообвинетиот Љупчо Палевски добивал инструкции за грабнувањето на велешкиот пензионер со кого се познавал од претходно.