Одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побара ослободителна пресуда од обвиненијата на денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче.
Бранителот на обвинетиот Влатко Кешишев, адвокат Игор Ефремов, денеска во Основен кривичен суд Скопје побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, со образложение дека тој не само што не учествувал, туку ниту знаел, ниту имал намера тоа да се случи.
Адвокатот Горан Бошевски, бранител на обвинетиот Велибор Манев, во својот завршен збор за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во однос на кривичното дело убиство, а осудителна за делото грабнување.
Бојан Манев адвокат на Боре Видевски по денешното рочиште повтори дека неговиот клиент треба да добие ослободителна пресуда бидејќи Обвинителството не понудило никакви докази за вмешаност во двете убиства.