Градоначалничката на Град Скопје објави дека до Градот секојдневно пристигнуваат нови докази од граѓани за фалсификатите на Висар Ганиу и извести дека тие докази се доставени до ОЈО.– Ова нема да го видите на МТВ, Сител, Алфа….Криминал од епски размери, а корумпираните институции не постапуваат.
„Запознајте го Бујар Аземи, сопственикот на небезбедната зграда изградена без документација, без одобрение за градење, без проект, без платени комуналии, на 12 спрата и до сега пребројани 61 стан незаконски градени сега со обид да се легализираат прикажани лажно дека се градени во 2011 со документација фалсификувана од Висар Ганиу и Ејуп Адеми“ – напиша Арсовска.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска повторно се вклучи од Чаир на социјалните мрежи, од пред зграда на 12 ката за која вели дека е градена небезбедно, без проект, со обид да се прикаже дека е од 2011 година.
Бујар Аземи – сопственикот на 12-катницата во Чаир за која градоначалничката Данела Арсовска, тврди дека е небезбедна и изградена без документација, одобрение, проект и платени комуналии упатил бројни закани за што е поднесена пријава до МВР, информира Арсовска преку допис до медиумите.