Republika
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска едногласно усвои Предлог-одлука за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) со која во предложениот состав на Советот за кој претходно беше завршена расправата, но Собранието не го усвои, се предлага на местото на Нафије Селмани, дипломиран професор по албански јазик и книжевност од Скопје, да биде назначена Зиријета Јајага, дипломиран професор по албански јазик и литература и магистер по дипломатија од Скопје.
Претходната Предлог одлука се повлекува од материјалите на 34. седница на Собранието до кое ќе биде доставена новата, а со која ќе му предложи за членови на Советот на АВМУ да ги именува Виктор Павловски, дипломиран инженер по производна информатика од Скопје, Сашо Стефановски дипломиран по филмска уметност и ТВ снимател од Скопје, Петар Џуровски дипломиран филмски и ТВ монтажер од Скопје, Цветанка Миновска дипломиран новинар од Скопје, Афрона Врзиволи дипломиран економист од Скопје, Гордана Мајнова дипломиран економист и магистер по комуникологија и Зиријета Јајага, дипломиран професор по албански јазик и литература и магистер по дипломатија од Скопје. Republika