Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“ в сабота, 12 јули ќе го одржи четиринаесеттиот „Марш за ангелите“ – марш на болката и борбата за правда, и гласно потсетување дека ваква трагедија никогаш повеќе не смее да се повтори – ниту за едно дете, ниту за една мајка.Маршот ќе почне во 18:05 часот – време што симболично ја претставува доцната и за жал, фатална институционална реакција.
Истиот ден, со почеток во 16:30 часот, во Центарот за култура „Бели Мугри“ – Кочани, ќе се одржи комеморативен настан со наслов „Во сеќавање – посветено на загинатите од пожарот во Кочани“, организиран од страна на Општина Кочани.-Ве повикуваме со отворено срце да ни се придружите – да застанеме заедно во тишина, во солзи и во спомени. Puls24