Судија од скопскиот Кривичен суд определил мерка куќен притвор за едно лице вклучено во нападот на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, а за друго лице, кое и се заканувало, мерки претпазливост.
КУЌЕН ПРИТВОР ОД 8 ДЕНА ЗА НАПАЃАЧОТ НА ДАНЕЛА АРСОВСКА Вториот напаѓач доби мерки за обезбедување На С.Љ., осомничени дека вербално и физички ја нападнал градоначалничката на Скопје, му се определува мерка куќен притвор во траење од 8 дена, со оглед да се работи за скратена постапка, а на второосомничениот, исто така со иницијали С.Љ, кој се товари дека се заканувал кон оштетената, му се определуваат мерки за претпазливост, информираше Кривичниот суд.